кон (предл.) - став (имн.)

Но, и народите на Балканот го сочувале зачувале овој збор, со блиска, но никогаш различна конотација? рече Камилски, насочувајќи го разговорот кон ставот кој требаше да се заземе за зборот табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, за да се опише како геј- мажите градат однос кон сексот и родовите улоги, како гледаат на жените, на местото на женственоста во машките геј- културни практики, сепак, значи сосредоточување кон ставовите на геј- мажите за жените, а не кон самите жени ниту кон нивниот светоглед и нивните интереси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Табиетот ќе си остане табиет во владеењето на Балканот, времињата ќе се менуваат, но табиетите ќе си останат табиети, а нам ни преостанува да ја оставиме отворена судбината на овој збор во нашата листа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Морам да признам и мојата маленкост ја приклучувам кон ставот на Ружди.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Би било сепак пресилно да му се додели на Кејџ таа склоност, но тој во своите празнења со зборовите од смислата се приближува кон ставот на необврзаност и од зборовите-слики создава непробивен предмет пред чии алеаторични конфигурации престанува можноста за било какво читање на јазичната смисла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Случката од литерарниот живот на Канети не води кон ставот - кога тогаш во животот на писателот ќе се појави писател кој ќе го натера да молчи,а уште по убаво е ако тоа се случи во почетокот на неговата кариера.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)