Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Гледа Зоки: Лидија убаво си јаде, а тој мора да се наведнува од масата кон столот и не може ни залаче да земе.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)