Синот на основачот на Османската држава Орхан (1326-1362) ја освоил скоро цела Мала Азија, ја пренел престолнината во Бурса (Бруса) (1326), во 1352 ја зазел тврдината Цимпе, а во 1354 без отпор го зазел Галиполе по што му бил отворен патот кон Балканскиот Полуостров.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ги прелистував отсутно страниците на парискиот дневен весник Ле Монд, во кој по обичај веднаш го упатувам погледот кон балканските вести.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во какви односи станаа Македонците со нивното национално разбудување кон балканските народности и дали позицијата што ја зазема сега Внатрешната револуционерна организација по прашањето за народноста на Македонците Словени е таква од која не може да се оди понатаму, или пак треба од неа да се направи уште еден чекор и Македонците да се јават приврзаници на националниот сепаратизам со примањето на централното македонско наречје за општ македонски литературен јазик?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)