" Ги ширев рацете кон морето, гледав кон бескрајните далечини…, викав на цел глас и плачев.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Погледите кон бескрајните далечини нека нѐ полнат со живот, фасцинирани од просторот и леснотијата на енфермелот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тоа се простори каде се чувствуваме моќни и апсолутно слободни, дифузната светлина на денот секојдневието го претвора во река со многу притоки.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зад нив останале камења за околу пет воденици а сипаничавиот пат како да ги водел кон бескрајни пустини од кои и човекот и змијата се иселиле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Барале по птичјите седалки јајца и се задоволувале со корења од ретко сретнатиот хумус, ги заменувале скршените оски на двоколките и ги крпеле тркалата или јаремите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еј, јас те сакам, еве сега ти велам додека солзите течат и никој нема да ми помогне, за спас да ги сокријам солзите што блескаат од среќа, да загрли срце со љубов што го давам да не биде мое. Ама јас те сакам до небо, онака едноставно, како дете кога ќе ги рашири рацете кон бескрајниот небески простор, а само вечноста да остане зад нас.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)