Сѐ што уште може да трча, да оди и да се влече, се упатува кон високите и густи трски.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа беше најдлабокото читање, кога тој повеќе не ги вртеше страниците, кога најчесто му се предаваше на сонот, во којшто остануваше тврдината како граница.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најчесто по големите читања се загледуваше кон високата тврдина, само тогаш ја достигнуваше и надминуваше, продолжувајќи ги своите читања на небото.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ги упатија кон висока, голема куќа со два балкона еден врз друг, целата малтерисана, бела, врамена во сини оптоки. Сигурно гурбетчиска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Така беше и со големиот број Левантинци кои Татко ги среќаваше крај храмовите на Цариград, загледани во летот на галебите кон високите минариња.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Низ треперливиот дожд нејзините збунети очи за миг се задржаа на розовиот флокс, потоа се свртеа кон високите сини ралици и потоа се спуштија на жолтото ритче од маргаритки.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Патот на смерноста и понизноста низок е, но кон висока Татковина води; и секој што сака до неа да стигне, по тој пат треба да оди, како Филозофот, нека му е слава вечна во станот небесен!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од страна никој не смеел да се доближи кон високите планини.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тогаш од страв сите луѓе се прибирале во куќите.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И службеното лице задолжено за самиот влез беше излезено и сега следеше како нивниот раководител и Филип Д., граѓанинот со белата покана, бавно се оддалечуваат од последната саемска зграда кон високото снежно брдо што јасно се одделуваше од мракот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)