Како некогашен дипломец по правни науки и исламска филозофија на Цариградскиот универзитет, Татко и во доменот на заедничките турцизми на Балканот наоѓаше аргументи за својата теза дека христијанската и муслиманската вера покрај противречностите коишто ги содржат една спрема друга, како источни религии почивајќи врз источниот мистицизам заземале дистанциран став кон западниот начин на мислење и претставата за светот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Патувањето со ова вовче, наспрема големиот воз Балкан-експрес со кој и покрај некогашната голема желба на Татко да продолжиме кон западна Европа не отпатуваме никогаш, ни се чинеше како да нѐ носи во небото, до некој облак, како во слика на Шагал.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Неколку минути потоа, веќе слегувавме кон западната одаја во подземјето на храмот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Маѓепсана од птицата, која сѐ уште леташе над неа, таа полека зачекори кон западната страна на куќата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На полпат кон западниот ѕид, се наоѓаше влезот кон херметички затворената визба, и Даниел се сети на нешто со што ќе ја развесели својата невеста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со попуштањето на структурите во 80-тите години - што значеше поголем пристап кон западните уметнички списанија, меѓу другите работи - дојде до израз помладата генерација која беше наклонета кон постмодернизмот. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 21
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)