Идентификувањето на машката геј-култура со аристократските вредности или ставови е стратегија на отпор кон конкретни форми на обезмоќување што произлегуваат од општествената подреденост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Извесен мој геј-студент се сети дека еднаш, некој летен ден, кога бил многу помалечок (изгледа кога имал околу седум годинки), го заглавил целото свое запрепастено семејство на паркиралиштето пред некој супермаркет, каде што се изначекале додека да им ги изглуми сите улоги од Звукот на музиката или барем да им ги испее сите песни од филмот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, би се рекло.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секој случај, тие изразуваат настрани начини на чувствување така што изнаоѓаат сопствени (дисидентски, девијантни) начини на поврзување со главнотековните културни предмети на кои им се изложени и така што се идентификуваат со особените аспекти на тие предмети кои се или нехетеронормативни или сеотворени за нехетеронормативно чувствување.372
Ова може да објасни зошто некои геј- или протогеј-машки субјекти гравитираат, уште рано, кон конкретни жанрови на дискурот и на чувствувањето, сосе нивните сродни културни облици (како што се холивудските мелодрами и бродвејските мјузикли).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со такви средства, машката геј-култура добива одреден општествен и критички лост против оној вид хетеросексуална сентименталност чие полагање право на сериозност зависи од важноста да се биде стамен.307 Да се проѕрат таквите полагања право, да се разоткрие таа сериозност како поза, значи да се биде надмен од височина до која право на пристап може да ти даде само извесна повисока општествена положба – или, ако ја немаш, аристократство на вкусот.
Ако се чини дека геј-мажите си го потпираат опстанокот врз нагорната општествена подвижност, како што укажа Нил Бартлет – или ако машката геј-култура честопати изразува идентификување со повисоките сталежи или со гламурозноста, со убавината и со елитните културни практики и форми (како што е великата опера) кои изгледа дека ги исклучуваат масите – тоа не е затоа што геј-културата ги одразува интересите на некоја висока општествена каста, на мажи што ги уживаат повластиците на расната и на сталешката надмоќност и што и самите потекнуваат од повисоките сталежи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или ќе треба да измислат перверзни односи кон таквите облици или ќе треба да најдат во таквите облици можности или пригоди или дозволи за одредени нестандардни начини на чувствување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па тие деца што ќе се здобијат со нестандарден или со дисидентски родов или сексуален идентитет нужно си го градат тој идентитет во однос на главнотековните културни облици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа е средство преку кое можеш да си ја заземеш повисоката положба што ѝ прилега на општествената елита, заедно со критичкото држење кон обичниот народ што го овозможува таа положба, без притоа нужно самиот да им припаѓаш на повисоките сталежи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)