А во меѓувреме Захаријадис патуваше во Белград,Тирана, Будимпешта, Букурешт, Софија, Прага, Варшава и сите тие негови патувања го водеа кон крајната цел: Москва.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Гледала средовечни Еврејки, со бели долги фустани од везена свила, со меланхолични погледи, упатени кон крајниот хоризонт на улицата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
ЦРНОМОРСКИОТ брег јужно од Бургас, кон Созопол, Приморско, Мичурин и кон крајниот југ - Ахтопол, не е онаков каков што е на север од Бургас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)