Правото на државата да ги наплати таксите [во никој случај] не може да биде поважно од правото на [пристап до] судот! 5) Недоверба во „институциите на системот“ Во овој дел мораме да ја истакнеме изразената недоверба на работниците кон надлежните државни институции, кој се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, поразително е сознанието дека македонските су- дии, дури и оние од повисоките судови, образовани во духот на правниот позитивизам, при [не]примената на гарантираното т.н. сиромашко право, за чиешто искористување е потребно да се соберат еден куп документи – не ја следат ниту судската пракса на Европскиот суд за човекови права, чијашто јудикатура е задолжителна за сите полноправни земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои е и нашата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, нашиот фокус е насочен кон тоа што во македонското процесно право не постои никакво [процентуално] ограничување на висината на сумата која може да се плати на име парнични трошоци, а која би требало да се врзе за висината на вредноста на спорот (на пример, да се воведе заштитна одредба која би предвидувала дека трошоците за водење на судски спор не би можеле да надминуваат повеќе од 1/3 од висината на главното побарување за коешто се води конкретниот спор).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)