Командантот излезе од земјанката и откако оцени дека бурата ќе трае, се упати кон најблиското митралеско гнездо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако тоа го прифатиш како отворено, искрено чувство кон најблиските може само да те прави среќен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На моите сопатници, посебно на младиот актер, умот им беше свртен кон најблиската кафеана и рамнодушно го погледнаа З.З.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Просто: зошто понекогаш сте толку проклето некритични кон најблиските гадови?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тој веќе ја соблекол патиката од повредената нога, и поткуцнувајќи, како ранет коњ, се влечка кон најблискиот излез од стадионот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- И така сите трки завршуваат...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Локајте, братучеди, Арсо ќе ни донесе мезе од снаата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Осум деца, се свртел кон најблиските.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Заборавав дека можеби луѓето од дружината ме чекаат да застанам пред својата запрега, поточно пред запрегата на оние што ме хранеа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се наведнал кон најблискиот и му шепнал какво мезе ќе им донесе Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги заборавив и ноќните злодејства заради кои луѓето ги обземаше вражда дури и кон најблискиот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Крајниот подвиг било да се оспори монополот врз достоинственоста што го држеле тие на чија жалост ѝ била завештана автентичност и, во тој степен, имунитет од обезвреднување и од подбив.194
Во својата потрага да создадат општествен простор и изразен јазик за претставување на сопственото доживување на загубата, италијанските вдовици од Фајер Ајленд се свртиле кон најблиското расположливо културно средство, кон модел на трајно, неутешно жалење што е тематски соодветно за нивната емоционална и етничка состојба, но крајно во расчекор со нивниот род.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Рибарите доаѓаа во правец на нашиот дом, брзаа кон најблискиот брег.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јас си ја штитам главата покривајќи ја со рацете и трчам кон најблиската стреа да се засолнам.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Мајката на Д влезе во неговата соба, ја свитка старата мапа во ролна и се упати кон најблиските контејнери.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ц трчаше кон најблиската златара и го купи најскапиот прстен што го најде.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Виде на што личи и се упати кон најблиската берберница.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)