Идентификувањето на машката геј-култура со аристократските вредности или ставови е стратегија на отпор кон конкретни форми на обезмоќување што произлегуваат од општествената подреденост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Напротив, би се рекло.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За да ја понижи пред другите кадани, ја тераше да им носи ручек, да ги служи со шербет и слатки, да им стои простум додека тие ручаа или вечераа, a овие се однесуваа кон неа како кон обична нивна алајка.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Елиот предупредува дека секоја револуција во поезијата може да доведе до враќање кон обичниот јазик.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Аристократското идентификување, на крајот на краиштата, одамна им овозможува на припадниците на буржоазијата, или на секој што нема врховен статус и авторитет, средство за оспорување на општествената моќ на сериозните луѓе – односно, на луѓето чија општествена положба им налага на другите да ги сфаќаат сериозно и чија стаменост е начин да се спроведе наложеново.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во основа станува збор за приближување на новите технологии и на информациите кон обичните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Таа е средство преку кое можеш да си ја заземеш повисоката положба што ѝ прилега на општествената елита, заедно со критичкото држење кон обичниот народ што го овозможува таа положба, без притоа нужно самиот да им припаѓаш на повисоките сталежи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)