Маркос се сврте кон присутните и тивко, одвај чујно, скоро разочарано, рече: - Практично јужниот фронт го немаме. Тој веќе не постои.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Слаб да биде рамноправен во овие дискусии, Гарванов во еден момент се свртел кон присутните: „Не го слушајте, тој не е народен човек, тој е анархист!“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
ИЛИЈА: Жив за среќата на малечкото да не е сироче, а за поразот од кир Ристаќија! (Арнаутите навлегуваат и ги навртуваат кундаците од пушките кон присутните).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Глејте, погледнете го, се насмеа тој со разбирање кон присутните.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Наместувајќи ја во клупата, тој со навирени очи се обрна кон присутните родители: „Драги селани и браќа!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се сврте кон присутните и побара цигара.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дали ќе заборавиме на наградите и пофалбите што ги освојувавме за нашите творби? - читаше Филип со возбуден глас, па направи куса пауза погледнувајќи кон присутните кои занемени го слушаа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)