Чекоревме натаму кон следниот поход слушавме гласови во наша близина суровите проклетници печеа срна и дрмаа шишиња со ракии и вина
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Посебно денес, кога конкуренцијата при објавувањето книги е веројатно најголема, за писателот е многу корисно да ја запознае техниката на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Целта на оваа вежба е да ја развие техниката која веднаш ќе го привлече читателот кон следниот параграф и ќе предизвика во него желба да тргне понатаму, бидејќи го приврзавме неговото внимание кон овој параграф, токму поради неговата занимливост. Ако не се извежбаме да пишуваме вакви параграфи, кои му претходат на дејствието, не можеме никогаш да постигнеме вистински суспенс.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Убаво изгледаш“, ми вели задоволна и ме поведува кон следната одаја, во која се влегува низ ниска, но дебела дабова врата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се вртам кон следните гости и со наклон и рака испружена ги канам да повелат да се фотографираат со младите, а тие се редат во групи - дедо, баба, мајка, татко и деца.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Неосетно, и моето тело минува во друго, во предмет на сликата во масло „Македонецот во посета на домот на Фиона“ или нешто слично.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ти беше потребно само миговно бревтање да се втурнеш надвор, за да станеш човечка пеперутка, нечуен, бесполен летач кон следниот свет.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој одговор води кон следното прашање: зошто изгледот нè мами?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Информациите, втиснати на лентите и вовлечени во процепите, се лизнаа удолу низ жолтите запци кон следните машини.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се обидов да се истргнам но тој уште поцврсто ме стегна, видов мрдање немаше, стоев како скукулен и убаво видов кога средната врата се затвора, титна свирката над неа, и кога автобусот забивтан тргна кон следната станица.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)