Обично се пишуваат од десно кон лево, така што симболите се свртени спрема почетокот на редот; но пронајдени се и вертикални редови од хиероглифи што ги следат линиите на градбата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа е постигнато со замена на семитските консонантни значења на одделните знаци со соодветни вокални значења на грчкиот јазик и со преобразба на некои консонантни значења од семитскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се случувало во историјата на еден јазик да биле користени неколку смерови, како во раниот грчки јазик, кој во различни периоди од својот развој бил пишуван од десно кон лево, од лево кон десно, па дури и во двата смера наизменично (како бустрофедон).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Освен тоа, беше сочуван нацртот на знаците, нивните имиња и насоката на писмото од десно кон лево, што се комбинираше со насоката од лево кон десно во секој нареден ред - бустрофедон начин на пишување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)