крај (предл.) - брег (имн.)

Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми ќе нѐ собереше сите четворица и со часови нѐ анимираше крај брегот на морето.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Откако го зеде прстенот, Мискарица ја прегрна Аспасија и ѝ прошепоти: - Слушај: наместо Викторија, утре во градината, крај брегот, на ѓерѓефот ќе влезе сестра ти Атина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Често размислував и се пренесував во секој кат на земјата: како Дон Кихот во Шпанија, како Робинзон на океанските острови, како крал на гусарите крај брегот на Малаја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нѐ построија одделение по одделение и така во ред, двајца по двајца нѐ носеа крај брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се чини оти баба имаше многу посилни причини за да заминеме, отколку дедо за да останеме крај брегот на Езерото, во куќата која тој ја замислуваше како тврдина на останувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Историјата не престануваше да ми нуди нови примери. Можеби уште поуверливи од татковото време...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И мене последниве години сѐ почесто ми се кине сонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крај брегот на Охридското Езеро, во Струга, многу години по неговото исчезнување, како да го доживеав второто татково постоење, запрено во неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И решив да прошетам крај брегот, да се смирам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одевме заедно назад крај брегот, по она што останало од некогашниот пат, бидејќи не беше тоа песочен брег, како кај природните езера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Да легнеш подалеку од сите сенки и да ги гледаш и да ги плачеш тие мајки на сите стоења и на сите вишнеења без птици, стебла. Да легнеш и да молчиш е ова попладне крај брег симнато в песок со една во вода со друга нога застанато.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во куќата крај брегот на Езерото, под Италијанците, живеевме ние, со вас, а во другата куќа, под Грците, беше баба ви, со вашиот чичко и неговото семејство, со нив беа и вашите тетки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луѓето како што пристигнуваат, така фаќаат место во бавчите, на островцето каде што истечуваат изворите, крај брегот на езерото, по дворовите, спростираат ќилимчиња, веленца и седнуваат да се одморат, да јадат; како што надоаѓаат луѓето од околните и подалечните места, така сѐ повеќе се полни просторот околу манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се спуштаа во Полето врвејќи крај манастирските бавчи, лозја, овоштарници, ниви, а потоа крај брегот на езерото и стасаа во манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Остана да чемрее крај брегот со големата дуљбија, којашто Татко ти му ја донесе од Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Низ полето кога помина Водолеа дотече една тиха река И многу дечиња крај брег си играа, Низ полето кога помина Водолеа Три дена сонце јасно угреа И в тихо соне земјата спиеше.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
В ред, Пикасо е овде, долу крај брегот, само неколку километри одовде, во посета на своите пријатели од малото рибарско гратче.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Даг“, ми рече тој околу пет часот попладне, откако ги собравме пешкирите и се враќавме низ плажата покрај големиот бран крај брегот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го гледаа секој ден по сончево време или по дожд како шета крај брегот, се пика во трските, шеварот, рошка со рацете низ гнилежот и врбовиот густеж и ја полни торбата со секакви дрвца што ги наоѓаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но Скрче продолжи да оди крај брегот гледајќи ги брановите што се откинуваа од езерото и се распарчуваа на брегот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По недели и празници, таму, крај брегот езерски - ТАА, народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Претприемчивите грчки угостители распоредиле неколку ресторани од кои на масите крај брегот сервираат богат избор од морски плодови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Крај брегот на Топлото Море живееше еден пребогат човек по име Мегалон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го гледаше рибата што пливаше крај брегот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)