крај (предл.) - свој (прид.)

Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во Козар Маало, блиското Пошта Маало и околината, живее во разбирање, пријателство, солидарност, притекување на помош, делење на заедничкиот леб на сиромаштијата на повоените години цел еден мал свет, на стравот од неочекуваните упади на власта: побројните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Унгарци, Руси, Грци, Бугари, Хрвати, Французи, Ерменци, Евреи, Власи, Роми и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но се случуваше и во доцните ноќи, кога сите беа заспани, а само Татко, останат буден крај своите книги, да се слушаат необични звуци, во куќата, крцкање како говор што доаѓаше од неодредено место, во времето коешто Татко не успеваше да го протолкува до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Скулпторот остана сам крај својата скулптура, среќен и горд на она што го создаде, на своето пресоздадено Јас, изрежано во снегот до совршеност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Крај своите издолжени сенки тие изгледаа ситни и несигурни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Така и Марко, не знаејќи колку му е сличен, седнуваше на привечер, пред да го замандали дуќанот во Скопје, седнуваше сам крај своите ибрици и синии што ги беше направил, покроце и на јаваш да прими малку од огревањето на нивниот матен сјај.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја затече малата Снежанка како лежи крај својата нова мајка, ја погали нежно, при што лицето му се позлати со насмевка, па излезе надвор, затворајќи ја убаво кошарата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- И мене читај ми, - се вмеша Бреза која седеше крај својата пластична шолјичка „со кафе“ и пушеше „мастика - цигара“ со скрстени нозе, имитирајќи ја во сѐ мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бургиба беше оставен во залезните години на животот во родниот Монастир, во својата летна резиденција, недалеку од величествениот мавзолеј, во кого веќе почиваа родителите, неговата прва сопруга Матилда од француско потекло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пролетта 1985 година, кога Израел ќе ги бомбардира позициите на ПЛО во Тунис и седиштето на Арафат, Хабиб Бургиба, во налет на бес ќе побара прекин на дипломатските односи со САД, макар што крај својата работна маса ја држеше сликата на американскиот претседател Роналд Реган.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш не ги заборавивме блиските и срдечни Себастијанови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минуваше со часови крај својата гробница, суверено бараше да се менуваат нејзините димензии, борејќи се со напливите на суеверие дека готовата гробница го доближува до смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- А што виде друго? - Видов како едно бебе го чува деда си крај својата количка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)