Се пресегаме низ решетките, си ги подаваме усните меѓу железата: Среќна Нова, С новим годом, за многу години!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш, кога ги отворил запците, човекот морал, полека со двете раце, да ѝ ја дофати ногата на мечката, исто онака, како кога се потковува коњ, и така неа ја подигнал од меѓу железата; тој тоа морал неминовно да го стори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)