„Право да ви речам, гулабите првин меѓу ребрата ми се изведуваат, потоа од крвта ми излегуваат, па во гулабарникот влегуваат, ме вдушуваат, на мене замирисуваат, најпосле по небеса летнуваат, во сонот ми се превртуваат, наутро со гугут ме разбудуваат...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
— А таму не те молат, вели, таму токму-нозе ти скокаат меѓу ребрата, меѓу дробовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И колку повеќе се вгледуваше во черепите што се клештеа заплеткани меѓу ребра и (рбети, зафатени од мувла, сѐ повеќе се убедуваше дека Долгиот има право.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Студ ми лазеше по дамарите, леднина ми се лизгаше по вратот, се вовлекуваше меѓу ребрата и полека, небаре скорпија се лизгаше по недрата, го обиколуваше адамовото ребро, и застана над лакот, токму над срцето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)