Лапавицата ко паспал ни се лепи на алиштата. Море погано време!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зарем да лета единствено како сушач на алишта на жена си или да им биде ладило на децата во жешките августовски пладниња?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
На градите му излегува една црвена пара, се шири и тептисува на алиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Обружани со плева на косата, на веѓите, на носот, на алиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама за перење на алиштата нема толку пепел.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)