И јас во името на народот ги чував народните непријатели добро да кршат камен, добро да го делкаат и со врвот на иглата мерев да видам дали добро налегнува камен врз камен ... дури - како што велеше командантот - воздух да не пропушта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Продолжија да одат, но Мече газеше како на игли, плашејќи се пак да не му се закачи некоја пијавица.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа остана мирна, не се помести ниту кога доктор Гете се приближуваше кон нејзината глава со иглата, остана мирна дури и кога врвот на иглата беше забоден во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Безизразно гледа во прстите на кловнот и очекува тој најпосле да го вдене конецот низ тесните уши на иглата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Јас ја повредувам, а таа не се брани, не се обидува дури ни да ја отстрани повредата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)