По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
После измената, надлежноста на инспекторот се продлабочува т.е. дополнително се дефинира и тој во согласност со закон заради отстранување на утврдените неправилности инспекторот има право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; 2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рокот кој ќе го определи инспекторот и 3) да забрани работа во работна просторија, на дел од техничка технолошка целина, на одделно работно место или на орудие за работа. 87 88 Закон за инспекција на трудот; Сл. весник на РМ, 35/1997.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Задржани се речиси сите позитивни аспекти на регулативата што беше на сила пред почетокот на транзицијата, а новините што се воведени само дополнително ги акцентираат поволностите на овој закон, како од гледна точка на работниците така и од гледна точка на инспекторите.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ги поминав и не можев да си објаснам: дали Ангелија го храни Кузмана како што го хранеше слугинката на инспекторот?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Само во куќата на инспекторот вриеше пијана песна на многуте гости.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
За да се обезбеди непристрасноста на инспекторот при спроведувањето на инспекцијата, со ЗИТ (1997) е пропишано дека инспекторот не смее да врши надзор кај работодавецот каде што тој или член на неговото потесно семејство е сопственик или сосопственик, член на управниот одбор, директор или каде што тој или член на неговото потесно семејство имаат материјален или друг интерес, додека, со цел да се обезбеди извршувањето на обврските од негова страна пропишано е дека тој е одговорен ако пропушти да изврши обврски или да преземе мерки, кои по законот бил должен да ги изврши, односно преземе, во постапката на надзорот (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)