Атмосферата во предавалната се издигна на висок степен на исчекување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Поговор На враќање во Македонија неодминливо патот не води низ Перењас и во бележникот бележиме дека Прењес сега не е тој Прењес што беше пред шеесет години – место на болка и плач, место на секојдневно битисување, на исчекување и безнадеж...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го правеше тоа со притаена лакомост, со такт на искусна волчица која на гладта ѝ одговора со удолжување на времето до првиот залак, со блажен садо-мазохизам проткаен во игра, во ритуал на бавно приближување до жртвата за која, секој миг на исчекување да стане плен, преминува во вечност.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој жеднее само по оној сладок трепет на исчекување, што ни страв ни смрт не го бришат зошто во него се содржат.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Од лицето со зачудено извиени веѓи полека ѝ се изгубила светечката благост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но Арсо Арнаутче не ги подал рацете како што очекувал Лозан Перуника, да ја прегрне, да ја здроби со машката набрекнатост, да ја ослободи, а и себеси, од маката на копнежот и од копнежот на исчекувањата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакаше да си ја зачува сета убавина на исчекувањето и остана мирен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше во една состојба на исчекување и одлагање.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)