Наоколу само ликови, сенки, зборови... итаат секаде а јас само таму некаде... каде се спојуваат бесконечноста и мигот... каде сенките се сенки и во ноќта... во одаите на скриените спомени во ходниците на копнежите... таму и она ништо е сѐ... а тоа сѐ е она што ти дава сила... за денот, за ноќта, сонот, за некаде каде никогаш не ќе појдеш, каде еднаш некаде... Едноставно, а незаборавно...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
4. Ноќе да се чекори тихум муграта додека огрева отсекаде Сѐ од извор еден што потечува и утока една сал знае Во невиделото на темниот молк сѐ е кон сѐ затворено и сите страни на светот во една точка на копнежот се збрале на сонцето денот да му го понадат Шумата само чекорите на живинката ги познава и крилата вишно што се будат лазурот небесен го симињаат во пастелот на ведрата биднина Часот е тоа кога се живее и пее во мракот на успаните гори на високо Градите тишината ги полни со говор нов на утрото Гороцвеќе и божила му даруваат веќе на гласот со грстови што се истура во пристанот во чеканиот под гнездото на будната трепетлика
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Многу зборови кои не кажуваат ништо, искористија тишината и љубиме, како да си на двеилјади метри надморска височина каде нашите тела ќе се сплотат со хармонијата на просторот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Драматичен излив на емоции кои постојат и се случуваат, рефлектирајќи ја импресијата и доживувањата од делициозните дарови на копнежите и страста низ една прочистена оптика.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Овој свет во допир со несовршенството на реалноста, во моите очи го отслика светот на мизерноста, болката, ужасот од уништувањето на се што создаде Бог.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во него се мешаат несекливоста на копнежот и залудноста на штирата пролет.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Знам од книгите за него, дека и тој копнеел по едно парче земја во поодминатите години, императорот кој создал закони и на граѓаните им дарувал милост, сакал да се повини на копнеж стар, дури телото сѐ уште му слугува, да се врати во познат предел со песок на ритчињата, со хумус под сенките на боровите и да го чува парчето земја како што го чуваат селаните своето, ако треба со секира.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во дните на копнеж патував во Румелија
за да го посетам родниот крај на мојата сакана.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Од лицето со зачудено извиени веѓи полека ѝ се изгубила светечката благост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но Арсо Арнаутче не ги подал рацете како што очекувал Лозан Перуника, да ја прегрне, да ја здроби со машката набрекнатост, да ја ослободи, а и себеси, од маката на копнежот и од копнежот на исчекувањата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ е создадено за тебе, пчело
и небето, и куќиштето
подзинати како гладни усти
конус на копнежот - дом...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
4. Заборави дека некогаш сме се разделиле
мисли на времињата кога сме се шетале
како месечари низ светот на копнежите
кога душите сме си ги испраќале видовити
над некое непознато море да се љубат
ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите
– сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не го гледам но добро го знам Тоа испотено чело на копнежот: едноличен регистар од сувата кашлица на чекањето со две ладни ѕвезди во очите.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Таго на тивките бои на копнежот Зелените сенки на врбите неосетно подвижни на тихата река на реката што лази на реката успиена се гушнуваат
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)