Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Овојпат кучката само ја отворила влезната врата на куќата, ја отворила вратата на ладилникот и сѐ послала по душемето, по килимот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)