- Чекав да се јавиш до 23 часот. За жал не дојде.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Требаше да се видиме вчеравечер, во 19 часот – рече Грофот, но тоа не личеше на обраќање кон мене туку гласно искажување на она што го пишува на листот на неговото биро.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Објава
повеќе драми се случуваат
во мигот на обраќање
зборовите ги одгледавте
но срцето
неприпитомливо
интимно
тера по свое
граѓани
час е кога мораме
да погледнеме
во мисловните спреги
од нив зависи
тежината на зборот
климата на подрачјето на душата
обновата на смислата
младоста
граѓани
час е да се свртиме
еден спроти друг
со силата на љубовта
во име на огнот
допуштам да се размножува
симболиката
на Дрвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа што сте „фокус“ на овој „исчашен“ (хамлетовски психотичен?!) текст е онаа иста тема за празнината, за еден центрифугален концепт на обраќање.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)