И колку тие да ја сардисаат четата, ти удираат на овчарот Ристета и овој, колку ги видел, почнал да вика: „У ош, ош, ош! Мрчо, Шарко, Лиса, кај ватите бесот да ве вати!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И никој поради тоа не ги осудуваше, не ги презираше и не ги земаше на подбив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мирче дојде токму на време. Уште бравите не беа скорнати, сите четворица му појдоа на овчарите кои ги најдоа боси да режат опути за да ги наврват искинатите биволски опинци што ги топеа денеска во локвата на пресопта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Прати еден од овчарите, Палилулевци, до Проќа, и нарача да му соопштат на Риза, неговиот другар во бараката, да се стави со него: има да му каже нешто. Не заборави да му нагласи на овчарот, дека тој е оној мариовец што го отепа гавазот Аќифа пред десетина и повеќе години.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Да, ден на... - На овчарите! - викна истиот, кој сакаше да знае што е тоа пролетаријат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На овчарите и воловарите им се имаше случувано мечката да им влезе во булукот, да си попасе со овците и да си замине.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Песот ги крена ушите; но не можеше да го слушне извикот на овчарот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се појави - духот на нашата нација Вака ни раскажуваа старите Приказни за победата над варварите Приказни за животот на овчарите Приказни за моќта на парите Разни други градации Констатации Провокации За еден живот минат во стагнации
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Песот ги крена ушите; но не можеше да го слушне извикот на овчарот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Оние што од колено на колено учеле еден занает, а на овчарите им се забранува да бидат и натаму овчари – работа што никој друг подобро од нив не ја познаваше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Идит Грозда, прусат Грозда низ гастите треви, носит Грозда на глава си баница ил' мазник на овчари, кои пасат калешо и стадо.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Тоа беше најомилената песна на овчарите, која почнуваше вака: „Huile, huile, palomita“, која, ако се преведе, би значела „Летај, летај, мало гулапче“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ниту една посета од кралска личност, на некој скромен дрводелец или селанец, немаше да биде прифатена со поголема и поласкава благодарност и радост.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)