И откри дека она, што нему сето време му се чинело како стапки, било само празното трпеливо паѓање на грутките од тој стежнат окит од гранките на буките, едно такво зачестено паѓање на окитот, што се ширеше од бука на бука и што оставаше долу, во снегот околу стеблата, исти онакви трагови, како стапалки од некоја неповрзана дира.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред да потоне во едно модрило, што му го преплавуваше целиот поглед, а после се расплинуваше и добиваше некакви крвави токови, помисли само уште дека она стреснување на окитот, што го виде во буките надвор, беше нешто, кое во некое свое далечно време, што сега воопшто немаше никаква врска со него, а сепак постоеше, тој го очекувал токму такво, дрвјата токму така да почнат да ги стреснуваат од себе тешките грутки снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)