Од белите неоантички палати до дрвените викторијански куќички, од мермерните споменици до непрегледните војнички гробишта, од станарите сместени помеѓу империјални столбови до оние што пред тие столбови секојдневно протестираат - насекаде до тебе допира визијата на основачите на американскиот сон, нивните остварени замисли и оние што допрва треба да се остварат.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Само Васо Паша го привлекол вниманието на основачите на музејот со познатиот цитат: „Разбудете се Албанци од долговечниот сон, станете браќа и во една беса обединете се, оставете цркви и џамии зашто верата на Албанците е албанството!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Синот на основачот на Османската држава Орхан (1326-1362) ја освоил скоро цела Мала Азија, ја пренел престолнината во Бурса (Бруса) (1326), во 1352 ја зазел тврдината Цимпе, а во 1354 без отпор го зазел Галиполе по што му бил отворен патот кон Балканскиот Полуостров.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Заради нив тој го научи сефардскиот, иако ритуалот во синагогата го врши на хебрејски јазик, а проповедите на англиски, кој и по толку децении го говори со заостаток од германскиот јазик и јидишот, еврејска варијанта на германскиот, во посебни пригоди знае да проговори и на ладино, јазикот на основачите на неговата синагога.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)