2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
СОФИЈА, речиси милионска, е расположена на падините на питомата Витоша, на „најшумовитата“ планина, чие зеленило, чија вегетација се спуштила долу во полето на благите падини - во Софија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Отидовме на падините на Билга, требаше да се фатат два извора и едно мало речиште.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стануваше збор за едно речиште што течеше откај шумската куќа на падините на планината, потоа, што е најважно, двете шупурки од чешмата, арно богата и студена, како и војцата од едно мало изворче близу до чешмата, сето тоа беше го свртиле кон рибникот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На падините на планината Бела Вода, над патот, хотели во градба.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Планинава сѐ уште измислува нови снегови Кога ќе оддели миг за умореното лето што лежи на падинава оковано со булки?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
На падините се наоѓаат населбите Водно, Пржино, Жданец, Долно Нерези.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Најдов пак за Бунец!“ радосно извика Мими и фати да чита: „ Во посета на детското одмаралиште Бунец - Маврово - СКИЈАЊЕ, САНКАЊЕ, СОНЧАЊЕ/ Прекрасно е на падините на волшебната Бистра!“ велат деновиве во еден глас малите зимувачи од повеќе места од земјата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Со радиоврска беа поврзани со републичкото раководство сместено на падините на другиот поголем рид.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Утринава ме најде командантот на бригадата и порача заедно да појдеме со тебе на падината над Пишишки Камен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)