Елеазар бен Цви ги гледа тие слики на уште една жртва на предците, ги гризе сувите усни и ниша со главата опфатен со ужас додека во затемнетиот коридор на авионот се слуша длабоко дишење на патниците, а над Атлантикот владее длабока ноќ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Куршумли-ан беше некогашен само карван сарај и тој, како постар од доаѓањето на Турците, ги примаше дотогаш само карваните со занаетчиска и трговска стока, а бидејќи во негова близина се наоѓаа колари, амџии, самарџии и јажари, тука беше многу погодно да им се дадат разни услуги на патниците и да се изврши размена на изморените коњи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Наместо да организираат војни, тие „попрактично” вршеле масовни егзекуции на патниците и населението, тајно, вон своето професионално општествено работно време, убивајќи, пљачкосувајќи и парчосувајќи на тој начин никогаш да не бидат идентификувани. 38 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)