на (предл.) - поп (имн.)

— Биле — умреле, да се вратите, барем сете да умираме ако е за умирање — им порача Трајко на поповите, даскалот Бина, Младена Чкулот и други повидни селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овчарите на поп Стојана оваа вечер имаа гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се вратија, и како што му рече Арслан на Трајка, дека сака да ја види својата раја со неговите очи, нареди на другиот ден цело село да се собере на сретсело: „Машко — женско, старо — мало, до куче сакам да видам пред мене! — му се провикна Арслан на Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наредба ќе беше, му велам, во времето на татка ти, попот божем наш селски, кој го опиваше народот наш со верски заблуди и, згора на тоа, уште и пари ни земаше - имаш-немаш на попот мора да му платиш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На попот и на коларот, и на некои кои останаа тука, им се стори како брзокрил ангел да пролета, како молња која бесшумно се одалечила од гробишата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
96. Б.Сарафов имаше само бугарско образование, тој никогаш не отиде во Србија да се школува, но тој беше еден од воспитаниците на П.Драганов во Солун и беше внук на попот Харитон еден од највидните „сепаратисти“ од Источна Македонија во движењето од 1873-1874 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сум фан на ирската група „ЈУ-ТУ“, можеби оти кога ја започнав кариерата на пасиониран слушач на поп и рок мелодии, таков саунд не можеше да се слушне на винилските носачи на звук.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Грешел, страдал, заслужил да се именува праведник. Брадата на попот апостолски му се кадрела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не заканувај се со тие твои ангели, му рекле жените на попот. - На Петровден, оче Панделиј, ќе ги венчаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жените навистина стоеле пред големиот миг на надежта да ги врзат мажите за постела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му врза Јандре оглавник на гуша на попот српски и го поведе од куќа во куќа; му тропаше на една тенеќија и удирајќи го со кундакот на маликерот, му заповедаше Ајде сега, Божано, кажи како се тркала стар дедо со стара баба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набрзо потоа и црквата ја затворија, односно ја пренесоа во надлежност на попот тополечки, и него го довлечкаа оттаму, од Србија, откако тукашниот свештеник, поп Цветана го уби мајорот Загориќ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше недела, втора година од владеењето на Србите во Потковицата, прв ден Велигден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И попот се тркалаше во дворот во правта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сакам да му го опцујам и господ на попот, ама не можам. Зборовите не ми идат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во стапицата на ноќта врескавите гласови ги морничавеа живите; пијаните ветуваа дека на попот ќе му го скршат грбникот, не ќе купува тој и потаму женски души за шарена басма со напечатени цветчиња и пеперуги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И тогаш бегалецот од турската војска со исечени три прсти на десната рака, Татар или Монгол или Черкез и присилен левучар, им се предал на востаниците со посредување на попот Зафир Јосков Вртипоп, и самиот востаник со фишеклии преку искрпената мантија, со мавзерка, призренска кама и сребрено распетие, им се предал и го бакнал белиот коњ во двете ноздри.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ибн Бајко излезе на половина од молитвата на попот. Нозете му се тресеа. Колкот силно го болеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Црквата екна, офнаа иконите, се затресе олтарот - така му се стори на попот Ставре кој сега немаше друга моќ во себе освен да се предаде на семоќниот водител негов, оној што го тешеше, ама и го туркаше од немило до недраго, како и сиот негов народ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Краткиот сјај во окото на Тодора му кажа на попот Никола повеќе одошто таа сакаше да се знае.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
– Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му: – Ако милуваш да подариш нешто за света Богородица, запиши во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
УШТЕ ИСТАТА ноќ по спалувањето на поп Јакова и Трајка кадијата нареди да се спреми потребен број сејмени што ќе ги затера бунтовниците во Цариград.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пере дури и првиот петрафил му го купи на поп Петка кога си дојде нов поп од Битола и му даде цела лира пари да се позакрпи — за нов поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кушо дојде до оганот како кабаетлија што задоцни; рече: „доброутро“, ја симна и тој капата и со „благослови оче“, му бакна рака на попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Угледувајќи се на своите водачи и први луѓе — на поповите и даскалите, — и селаните тргнаа по тој пат, по патот на омраза и одмазда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш му ја искинала гуната на поп Трајка кога се враќал од гробишта дома, другпат го укасала Црневото дете, трет — ја исплашила Улевата невеста и; сиромашката, си фрлила машко дете од шест месеци; та дури и панталоните на ќатипот му ги „закрпила" кога врвеле со Колобана крај Сукаловата мала врата да се прошетаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Пуловец, на границата, им „удри еден залп" на Србите што бегаа за Грчко и со две три момчиња, свои роднини, слезе до Бешишча и му отиде на поп Илија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вака, кога Петко ќе стане поп, тој ќе си служи на „неговиот света Илија“ за здравје, за душата од татка му, од деда му Петка, од мајка му Трна, која одамна беше појдена кај мажа си и умрените дечиња, и така ќе ги користи и овие дваесет гроша што му ги плаќаше на поп Спира за секоја служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ишала! — Мавна со главата на поп Петка, на даскалот Бина и на Лесната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога подзапреа свирките и тапаните, се чу пеењето на попот проследено со штракањето на кадилницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По пробивањето на фронтот се демобилиса и продолжи во црквата да му помага на поп Серафим како клисар.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Додека луѓето плачеа, клисарот Нестор помагајќи му на попот во закопувањето, велеше: - Да не дојде до полошо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И јет змејата полна от дрва, от бука, от дабој, от врба, от тополика, јасика, от селвиа, от бор. от тополика, јасика, од селвиа, от бор. И друзи се најдуат во орманот... (Од „Четиријазичникот“ на поп Данил)
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сиромав, окапан, немаше пари да му плати на попот кога ве крштаваше, најпосле и него го закопаа на вересија.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Бог да го прости, ама не дај ми, боже, пак таков кум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДИМИТРИЈА: (Му дава на попот пари.) Догодина во седум навечер. ПОПОТ: Збор да нема.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Јас си мислев ќе речеш за кускулето што на човек не личи, ами каму на поп.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Море, по ѓаволите да одите! - му се истопори баба на попот - со тие ваши погани именишча.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Последното интервју на Енди Ворхол Тајната вечера на Поп-артот; уметноста и репродукцијата; историјата и ситните интриги; два Исуса и двајца папи; од Andy Warhol папата на поп артот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Така расправијата се префрлила на попот, што не било првпат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Единствениот жив дел од главата на поп Аркадија беше една црна мува, ѕунѕурка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)