на (предл.) - појас (имн.)

На појасот му светкала како змија остра сабја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Никогаш не сум запнал ни јатаган, ни сабја на појас. Не носам ни мало ноже. Ни во облекувањето не сум внимателен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
КОТЕ: Со толку ништо не е. Колкави снегови сме газеле, (покажува на појасот) дотука!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не биле сигурни, но јавачот како да дремел во седлото, се нишал олабавен напред и назад оставајќи му на коњот да одбира врвици со бавни нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил без пушка, не можело да се види што има на појасот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ми стасал Ѓурчин Кокале, опаша силјав - појас посрмен, на појасот сабја наточена, па се фрли коњу в половина, дрпна узда, дупна узенгија и привтаса црна Арапина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се ниша во одењето долгото момче како оние две бомби на појасот да го влечат секоја на своја страна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Залутан куршум дупнал на појасот на мрвот востаник буклија со вино. танка шурка се подала по тврдата земја змиесто кон ноњската муцка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На појасот со заденат широк нож, тие личеа на страшила за јунаци, не на стамени момци чиј сон е да станат непобедиви газии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Разни низами, чувари на редот, стоеја отстрана, ама низ народот сновеа и сејмени со кубури на појас и пушки преку рака, заптии и гавази.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На појасот таа имаше пафта, на која од задната страна ѝ се гледаа три плоснати јамки, со кои пафтата се зацврстуваше за коланот: коланот пак беше составен од кружни и четврстести парчиња исшарани со цветови и лисја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Преку рамо имаа обесени пушки и шмајзери, а на појасот им висеа бомби.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во рафтовите имаше наредено селски шамии за жени, шамичиња за на појас, неколку низи монистра, пулејќи за шамии и друга стока за селаните и селанките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И така отидов од градината и камен тежок врз вратничето кладов и трње на појасот ѝ обвив.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На појасот напред му беа вкрстени два пиштола со сребрени дршки, а на колкот му висеше крива тогашна сабја.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бил истиот оној дедо Геро: весел и насмеан, секогаш со кавалче на појас, крај кубурите со килибарни дршки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Веше беше околу 22 часот и нам ни се приспа, кога на вратата се појави дедо ми со еден милиционер во униформа и со вистински пиштол на појасот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Налутено се сврте од нив и местејќи си ја својата матарка на појасот, продолжи сѐ така со навреден израз.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се протна под рампата, го премина просторот до влезот на кој наоружан со револвер на појасот и со рацете на грбот стоеше чуварот кој му се испречи на патот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се разбира, со надеж да станеме браници со ками на појасите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А пред наседнатата толпа, со подрасчекорени нозе во брич пантолони стоеја тројца офицери во униформи од сив офицерски габардин, само со револвери на појасите, нешто на луѓето им велеа или ги прашуваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Си го опашав пиштолот на појас и одам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оддалеченоста на појасите е на околу триста метри, а на шеесет метри растојание меѓу редовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)