Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Што убаво би ѝ дошло на пченкава, велам, да се напие вода по копањево, да се измие, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)