Ги гледаш гондолите по улиците на романтична Венеција. Присуствуваш на седниците на славниот сенат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Или до кога ќе се бавиме со состојбите како на пленум или на седница...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Можеме таа енергија подобро да ја искористиме. Да направиме нешто, евентуално...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Некои од нив воопшто и не доаѓаа на седници. Па што ако..
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Републичките претставници хронично молчеа на седниците, секогаш го чекаа исходот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јагулче, потем одважно се упати кон телефонот на вртење што го носеше првиот човек од безбедноста, за да го соопшти во градот одложувањето на седницата до утрешниот ден.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И сѐ беше добро до јуни 2005, кога почнуваат првите проблеми за вработените во друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, со централна одлука на матичната фирма АД „Топлификација“ – Скопје, на Надзорниот одбор на „Топлификација Битола“, му е наложено на седница да предложи мерки со кои на вработените ќе им се запира од платата т.н. „стимулативен дел“ – позитивен или негативен стимул, во зависност од тоа каква била наплатата од корисниците на услугите на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во март 2006, проблемот со Клуб - кафеаната и вработените во неа е ставен на дневен ред на Владата на РМ, а како дел од ресорот на тогашниот Министер за култура (Б. Стефановски).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На седницата е донесена Одлука3 со која Клуб- кафеаната се дава под закуп 4 во наредните 30 години на Друштвото за спорт и рекреација С.Р.С. ДОО – Скопје и тоа, како што се вели во одлуката, на „користење за научни, културни и образовни потреби и за изведување на научни, културни и образовни проекти од интерес на РМ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)