на (предл.) - скара (имн.)

Уште во Солун слушнавме дека во Ставрос има многу риба и дека тука се служи, на оригинален начин, печена риба на скара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Домаќинот ја разбра нашата желба. Веднаш нѐ воведе во кујната, ни изнесе разновидна риба, оставајќи нѐ сами да избираме, што сакаме за ручек. Се разбира - печена, на скара!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ве носам на ручек во оној ресторан кој се наоѓа на најголемиот сплав, и тоа на риба подготвена на скара. Јас честам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неколку пати купуваше риба на пазарот, а потоа ни ја подготвуваше на скара на осмиот спрат од Метрополитен кулата, каде имаше голема тераса со поглед на Сиетл.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Францускиот бенд, „Ејжен даб фондејшн“, побарале после концертот во кафеаната во која ќе ги полнат стомаците, рафално да стрелаат по келнерите со ќебапи, суфлаки и слични убиствени месишта подготвени на скара.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Требаше навреме да превртиме на скара пет-шест пати, па со кромитче и тенок шприцер.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Имаш човек или сам си на скарата? - Имам човек, скараџија, специјалист.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Шницли, шницли, штосови; си научил нешто во војска.  - Ова беше пржено, тоа нека биде печено. - Ама не препечено. - Ни подгорено. - Значи, на скара.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Малку топло место ладно предјадење, - се извинуваше Диовецот со престилката, - пред да дојде главното, телешки шницли. Сакате пржени или на скара?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овој извика некоја шифра место порачка во баџата на скарата и се наведна зад шанкот кај бочвето - и да го наполни бокалот и да ја испразни в уста маштрабата под чепот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)