Се обидов да станам. Ми ги стисна градите со големата дланка и ме врати на сламата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Братучедите се вратија назад на сламата зачудени од исто прашање што не умееја како да го искажат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„Не верувам. Борис Калпак ќе се пофалеше.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И доцна сфати дека палењето на сламата е неговата грешка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Детето полека се спушти на сламата, која што зашушка под него и длабоко се издиши.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Светлокосиот ја изгаси ламбата, а по тоа полека се истегна и тој на сламата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)