На дланки ја пишувале Во неволја ја допишувале Од немајкаде ја препишувале Без зборови ја умножувале Во снег ја вжештувале Редовно ја потстрижувале Во кисели овошки ја унижувале Крај влажна кожа ја доживувале Во остатоци на смев ја сожалувале (Била струја Била и темница) Сега е литература Под сигнатура 49 И
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)