на (предл.) - сомнеж (имн.)

Добро е додека нѐ гризе црвот на сомнежот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Вие пишувате реченица за некој да ја прочита. А никој не може да ја прочита - се изгубила во многуте чкртаници.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Непознатиот од Норд-експрес (1951) - по психолошките анализи поблизок до Сенка на сомнежот од сите филмови кои му претходеа - останува еден од најчистите, најдинамичните и најнапнатите режисерски филмови. okno.mk | Margina #22 [1995] 135
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Црвот на сомнежот беше скриен во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Господ знае што ќе биде со мене, запаѓаше Јагулче повторно во спиралата на сомнежот и фаталноста.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)