Си зеде збогум од „добриот дедо Стале" и, потпирајќи се на стапот, околу мракот си дојде дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Обредот беше прекрасно изведен, токму како во еден за мене познат опис на обредот: „Заумниот крик на бабарите (О,о,о!!!), пиштењето на гајдата, силна бучава на обесените ѕвонци и клопотарци и рафалниот татнеж на стаповите од вратата го најавуваат доаѓањето на поворката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Прстења имаше четири, со камења во разни бои и се мрдаа на коскестите прсти како алки на стап.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Да ги бутне топлите гаќи што мирисаат на стапот му - во замрзнувач?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Најде голем и цврст стап на патеката, го крена, го изгледа и удри неколку пати по тревата лево и десно од патчето да види дали ќе се скрши, не, не се скрши, ама тревата ја сечеше како срп сѐ до коренот и така, удирајќи лево и десно по патчето, загледувајќи се по крошните на дрвјата од каде летнуваа куп птици преплашени од мавтањето на стапот, туку одеднаш се најде на една ширинка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Слушав како чекори по нас и во тесната уличка, ги слушав нејзините чекори и ударите на стапот на кој се потпираше; гледав во чекорите на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Звукот на нејзините чекори запре, неговите чекори продолжија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Стапот секогаш има два краја, ама стапот е секогаш она што е меѓу двата краја.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Меѓу двата краја на стапот татнеж со пригушувач – вековното ехо на далечните крстоносни војни.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тој полека се спушти на тревата, потпирајќи се на стапот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Ако се пишиш Србин, вели Стојан, главата на стап ќе ти ја носам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)