Но, само по неколку месеци, со втората измена – од декември истата 2008 година, се предвиде дека, во оваа ситуација, на работодавач кој е правно лице, ќе му се изрече глоба во износ од 15.000 ЕУР (чл. 8, ЗИДЗРО/дек.08); • за прв пат е воведен и нов член, 266-а, кој предвидува дека – ако трудовиот инспектор утврди дека е сторен некој од наброените прекршоци, должен е на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување и посредување, согласно со Законот за прекршоците (2006) – чл. 29, ЗИДЗРО/авг.08.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
При изрекувањето условна осуда судот може на сторителот да му наложи, во определен рок, да постапи според прописите за мерките за заштита при работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Беше избришана одредбата дека инспекторот на трудот на сторителот на прекршокот му врачува покана за плаќање на глобата на местото на прекршокот (чл. 41 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)