На тремот одекнаа чекори на некои мали нозе и вирџиниски акцент кој велеше, „Капучи, ти бескорисно копиле.“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сега седам на тремот и мислам на убавите сенки стопени веќе во синиот чад на зимското небо.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Во ќошињата на тремовите и во некои напуштени куќи, во одаите со искршени прозорци, веќе почнуваа да ги градат своите гнезда.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Третиот брат држеше касапница во градот, касапницата на бегот, и затоа можеби на тремот од куќарката на овие Турци понекогаш гордо висеше, и по неколку дена, заклана јалова овца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Влаинката почесто одеше кај турските жени, кои во отсуство на мажите ги плетеа рогозките на тремот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Додека студот штипеше, тој правеше пепелница за перењето на Калија, а кога лете доаѓаше кај нив самарџијата Димо, и на тремот со сватот Пајко се натпреваруваа во надјадување лубеници, Бошко беше тој што со мрморливо уживање ги гледаше и веднаш трчаше да ги собере расфрланите корки и резенки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога дојдоа кај колибата на дедо Иван, старецот се одмораше, прилегнат во сенката на тремот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Вели, бев излезена на тремот да ја донесам стомната со изладена вода кога слушнав како тропотат чиниите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој ја потсетува на ветрот што тогаш ни фучеше на ридот, кога таа ги слушаше оние четири зборови, па лицето ѝ станува жално, жално, а по образот й потекува солза...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Гледам како Надењка излегува на тремот и како устремува тажен, чемерен поглед под небото...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сега се упатуваат кон нашата куќа и потоа по скалилата на тремот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)