Ама оти ги даде сите голи како змија на трн, многу му беше гајле!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Додека гостите, со помош на организаторот Ниротакис Алимакопулос, ги заземаа своите места крај масите, Ласте Думбаровски беше растрчан меѓу нив делејќи им најлонски кесиња на кои, од надворешната страна, веднаш под стилизираниот амблем на „Здравје“, беше напечатена негова фотографија, крупен портрет во погледот исполнет со грижа за здравјето на народот, а во секое кесе, во тенка лимена рамка со димензии 30Х30 сантиметри, беше сместена фотографија со мотив на трн, најчесто магарешки.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Затоа и му ги бара коските, за да се накалеми на нив, како на трн глогов.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Можеш на трн да се набоцкаш, а и на змија можеш да набасаш.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И како на трње седам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Жените се настрвија на зрелите и дрочни, црвени и црни капини, не мислејќи на трњето со кои се штитеа дарежливите плодови од ненамерните натрапници, а мажите го враќаа чекорот назад од помислата дека некој вол го подмочал пред да го однесат на колење за некоја трпеза надвор од листата за јадења.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас во моето детство бев изложен на поинаков вид опасности: можев да се исечам, да ме касне змија, да се набодам на трн, да се отрујам од некој див плод, да паднам од коњ, од дрво, да ме набоде вол и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Гласот доаѓаше од високо, од гранките на трнот под кој спиеше Полжавот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Удирам на шипје, се драскам на капини, на трње, на боцливи телови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дојдоа и други џандари. Кај да поминеш на џандар ќе се наспичиш, на трн магарешки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се драскам на трње и на камења, ама не велам ни оф, ни леле. Стратегија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Верноста уште повеќе си ја зацврстија, кога на враќање дома провирајќи се низ грмушките, се боцнаа на трњето.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)