Се чини дека во своите почетоци иконокластичкиот бунт против конвенционалната и возвишена уметност ја стави во сенка, иако само за миг, секоја (Редимејди) подлабока мотивација.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На почетокот не се бараа никакви објаснувања, освен содржината на агресивната демистификација, но, зад тој „акт на предизвик“ несомнено постоеше потполно буквална основа, „филозофскиот аспект“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Татко, како во лична аскеза, постигнуваше комплексно читање на своите книги што, на крајот завршуваше и како целосно владеење со себеси, во слегувањето по спиралата на својата човечка суштина, успевајќи моќно да се спротивставува на силите на наметнувањето, на агресивните налети на балканското варварство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)