„Кога заминувате за Вашингтон?” - ме прашува Елен искрено заинтересирана за моето штотуку најавено патување. „За два дена”, ѝ одговарам. Седиме во дворот на амбасадорската резиденција под Водно и пиеме пијалаци со многу мраз во чашите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но бев сигурен дека на дипломатот му се пружа историската шанса да излезе од својата вообичената орбита, да ја потврди смислата на амбасадорскиот чин, на пресуден фактор во меѓучовечката универзална комуникација, во смислата на која упатуваше Егзипери, со максимата дека вистинската професија е таа која му служи на зближувањето на луѓето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)