Во однос на второто, промените од март 2000 година всушност се надоврзаа на 3. Со оваа измена и дополнување беше воведен нов пензиски систем со три столба: задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност, задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (чл. 2, ЗИДЗПИО/март.00).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Овој отомански дел на Балканот му се чинеше како клет Вавилон во кој луѓето не само што го загубиле заедничкиот јазик туку останале и без кодовите на меѓусебното разбирање, кодовите на генерациските поврзувања и разделувања, поради промената на Бога, поради преселбите, идеологиите, фрактурите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)