И што му останува на, така дотераниот театар, освен да наоѓа замерки на „кибицерите“ на оние што го меркаат со одважност на искусни мажја, па онака, поради ефтина забава му нудат партнерство.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Работата на искусната бабица течеше со вообичаеното темпо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Според резонот на искусните дипломати јас си создадов сопствена донкихотовска стапица од која не ми се претскажуваше среќен излез.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По сугестијата на искусните планинари заради лошото време и лизгавиот терен тоа беше речиси невозможно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го правеше тоа со притаена лакомост, со такт на искусна волчица која на гладта ѝ одговора со удолжување на времето до првиот залак, со блажен садо-мазохизам проткаен во игра, во ритуал на бавно приближување до жртвата за која, секој миг на исчекување да стане плен, преминува во вечност.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)