Напливите на исламскиот фундаментализам, по светската петролејска криза во 1973 година, во земјата во која за првпат во муслиманските земји на арапските простори, по радикалните реформи на Ататурк во Турција, по реформите и лаицизацијата на општеството, замислени и спроведени од таткото на нацијата Хабиб Бургиба, започнаа да ја разделуваат земјата и да ги загрозуваат фундаменталните придобивка на револуцијата на Хабиб Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Верувајќи дека еден ден, макар предоцна, но секогаш нужно, ќе дојде до еден вид помирување со позитивните текови на исламската цивилизација од XX век на Балканот, по нивното радикално искоренување, како што тоа се случуваше и во Европа по вековните судири, Татко сметаше дека ориентализмите кои живуркаа и не исчезнуваат од балканските јазици, можат да бидат значајни елементи за поцелосна реконструкција за вредностите на некогашниот соживот, кој сам по себе содржел елементи на соживот, кои биле интегрално збришани во војните на XX век.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Си ја подигна прочуената Исхак-бегова шарена џамија, ама и покрај неа една од најпознатите медреси во Румелија, во која науки предаваа голем број познати мудериси на исламскиот свет; разни конаци; туљбе; и други згради; а во чаршијата - безистенот, Сули-ан, Чифте-амам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)