Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Имав филинг дека сум на лесни дроги и ме дрибла кој како стигне.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Реши да го посети дедо Иван. „Доцна е малку“ - си мислеше момчето, но не сакаше да му се потчини на лесниот страв што го обземаше додека сам чекореше по угорницата, низ темната корија.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Сепак на лесен начин си дошол до ‘стаф’.“ Момчето воздивнува резигнирано.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)