на (предл.) - некогашен (прид.)

Пораките на освојувачите на каменот можеа да се сметаат и како нивни епитафи на некогашната голема моќ.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веднаш го препознавме шефот на некогашната пописна комисија, човекот од полицијата, со кожена виндјакна, сега со поиздолжени мустаци, па малку ни лекна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми и Чанга прибираа нови докази во прилог на тезата дека козата во историјата на балканските народи се појавувала кога луѓето ја повикувале во името на некогашниот заеднички сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На некогашната холандска идиличност потсетуваат само овде-онде расфрлените ветерници, кои тромаво ги вртат своите крилја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше вечер кога се најдов во „Сите“, и пред „Нотр-Дам“, која ме фрапираше со својот огромен портал и величествените столбови, и на кои се држеше огромниот покрив на црквата, на кој беше потпрена големата камбанарија која, кога ја видов, не сакајќи ми ги одведе мислите на некогашниот нејзин ѕвонар Квазимодо и на неговата Жералдина, од романот на Виктор Иго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во себе девојката лефтерно одби да си замисли каква била орнаментиката на влезот на некогашната женска гимназија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Девојката, која едно пладне сосема случајно заталка во муабетот на четворицата стари другари, пред да папса од здодевнст, мигум осозна зошто на времето Фелини снимал такви филмови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Метонимија На Иванка Со години и години и откако го сосекоа до корен стеблото во дворот секое утро тука долетуваше птица и застануваше во воздухот кружејќи точно на местото каде што во круната на некогашното стебло беше свиено нејзиното гнездо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Геро, штрклестиот левучар со раскрвавен палец и одрани колена на некогашната меѓумаалска полјана, а сегашниот новограден солитер, денес асистент снимател, а утре снимател, но можеби и нешто повеќе - амбициите понекогаш ги водат и способностите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа го охрабри, или го насочи, или го поттикна, или просто го подлажа да напише еден драмски текст, од кој театарските уметници толку се изненадија што дури и се намуртија, па одвај се најде некој почетник режисер да го постави на една провинциска сцена, некогашна коњушница на некогашна касарна, што живуркаше со половина душа, одвај собирајќи премиерска публика, а не пак да собере некој денар за авторски хонорар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нашето хоризонтално лудило, она на генетската конфузија, на измешаните прописи и мрежи, на биолошките и молекуларните аномалии, она на автизмот - спротивно на некогашното „вертикално“ лудило, психичко лудило, трансцедентално лудило на шизофреничарот, она на отуѓеноста, на немилосрдната проѕирност на алтеритетот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој е денеска жална пародија на некогашниот „мислител на подиум“, промискуитетниот палјачо на јавната сцена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пред две години, во холот на новиот Народен театар изложија фотографии на некогашното Пајко маало.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Малку се белезите што нѐ потсетуваат на некогашниот Драч – Дуреси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во едно од попладнињата, откако ги изнесов столчињата на балконот и ја поткрепив мајка да седне на едно од нив, забележав дека на работ од балконот лежи мртва ластовица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
52. Оваа „мегали идеја“ („голема идеја“) за една нова голема Грција на Балканот во границите на некогашната Византија се појави уште во мислите на Ригас и беше разработена од „Етеријата“ (1821), врз основа на која потоа израсна грчката националистичка пропаганда во Македонија што во определени видови живее сѐ до денеска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Сум одел само до Кратово. И по друг пат, маскарски, над Џгури кај што се топи во жижници олово и сребро. “ ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште дедото на некогашниот маскар кој ги минувал овие патишта, еднаш дури и со благородниот патник Челеби од Стамбол, раскажувал во Кукулино за тој град од камени куќи, стари мостови, џамии и беговски кули и прозорци од зелено стакло и со стотици чешми и водоскоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нудење на решение. Му предлагам на Генералштабот на АРМ, како лично мој мал придонес во усогласувањето со НАТО стандардите, под итно да издаде наредба за строга забрана на употребата на жаргонот на некогашната ЈНА!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ваквите дејства, најпозанатиот кант автор на некогашната СФРЈ ги образложи со тоа дека е висок, леп и плав.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Значи, зборот ми беше за персоналот на некогашните продавници, самопослуги, гранапи, колонијалчиња како сакаш речи ги.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Скаутите, кои што како свој слоган го воспоставиле be prepared (биди подготвен) имаа огранок во речиси секој поголем град на некогашната СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Од ваква старомодна шега во Париз не се засмејуваат ни бронзените морски деца од мостот изграден преку Сена во чест на некогашниот руски император.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Скокови на делфини, од студентските дни Delphinus, крици на некогашни веслачи на галии.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На крајот од белите мермерни скали, како некој вид на неофицијален господар на некогашната раскошна буржоаска куќа, стоеше тенка женска фигура.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Прв се огласи замолчениот Камилски: Во просторот на источниот дел на градот постојат белезите на некогашните маала, остатоци од некогашната административна поделба на градовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но за потребите на дворот и високите достоинственици ќе се увезува оригиналниот кинески порцелан, којшто денес може да се види изложен во просториите на некогашната царска кујна на дворецот Топкапи сарај во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски го пронајде податокот, кој со нетрпение чекаше да му го пренесе на Татко, дека според бројот на кинеските експонати (10700), Топкапи Сарај се наоѓа на трето место во светот (по пекиншкиот и дрезденскиот музеј).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како резултат на отстранувањето на некогашните норми и граници, ќе преовладеат вулгарности, непристојности, есхатологија и што уште не!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и Мустафа Кемал, таткото на нова Турција, со тоталните реформи не ќе успее да раскине целосно со исламското наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот маало или махала, од арапски корен (со значење на населување) се употребувал и се употребува во сите балкански јазици, во јазиците на Блискиот Исток и подалеку.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но за време на Термидорот, кога се враќа на власт соборената класа, настапува враќање на старите реформи, со зајакнати тенденции на јазичен пуризам!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко понесен од овие идеи од своите книги за јазиците, влегуваше скептично во новата мисија, за разлика од Климент Камилски, кој веруваше дека опасните османизми, не само што ќе ги ослободат балканските јазици од непотребната агресивна конотација на некогашната Империја туку ќе отворат и простори да се откријат зборови и кованици за нови значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му се восхитуваше на тоа мало човештво составено од толку различни луѓе, кои живеат со векови заедно, без многу да се мразат, успевајќи да ги совладаат разликите, кои во другите предели на некогашното царство толку тешко се хармонизирале.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа можев и да го очекувам, речиси и не можеше да се замисли обновата на некогашната покана на претседателот Бен Али која ми беше упатена во друго време и во други околности.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXXII И во односот кон Палестина и Палестинците, од страна на претставниците на високото југословенско колегијално раководство, се чувствуваше отсуството на некогашна Титова Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Една цела фаланга националистички ориентирани политичари, писатели, фарисеи, профитери започнаа да го нагризуваат споменот на некогашниот владетел кој според едни, и не беше ангел, но не се и луѓето ангели, додека според други ако е политиката уметност на можното, Тито го правеше и невозможното.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред мојата посета консултирале повеќе досиеја, бездруго и грчкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме потсети дека на означеното место веќе ме чекаат Арафатовите луѓе...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бродот Галеб, Титовиот син воз, беа само симболи на едно време, на едно владеење, кои немоќните политичари кои се сметаа како наследници-спасители на Титова Југославија, како да сакаа да го наложат невозможното, исчезнато, дел на еден дамна скршен владетелски сон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вечерта ги сретнав старите пријатели, познатите дипломати на земјата, дипломатот и писателот Рашид Дрис, дипломатот Таиб Слим (брат на некогашниот генерален секретар на ООН Монги Слим) на кои и покрај залезните години, како некогаш Хабиб Бургиба, така и неговиот наследник Бен Али, им доверуваше деликатни дипломатски мисии од интерес за земјата, но и пошироко во арапскиот свет, во Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крњево било најубаво меѓу сите села, но тука била и џандармеријата на некогашна Југославија. Се велеше – од кал да е, крњевец да е.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Едно време се оддалечив од другите и сам отидов на она место од каде што се гледа просторот на некогашниот Долнец, со црквата со седум гроба сосе на Борко Угрин и со онаа осамена куќа на Симон над езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Празникот Преображение поминал и сега сѐ околу него е тивко и во неколкуте викенд- куќички поназад таму, на местото на некогашното големо село, е тивко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На моите долги прошетки покрај рафтовите, продолжи тој, во средбите со книгите, (имајте предвид: на овие катови се пренесени речиси сите знаења што им пречеле на некогашните поробувачи поради идеите застапени во нив) се среќавав и со таа веќе спомната вечност на вистините.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сепак ги носеа обележјата на нивното велможје, ги славеа боговите кои населуваа сосем инаков свет од овој, ги пееја старите песни со зборови, кои, архаични, им се чинеа како цврста залога на некогашната моќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ама, одгласот на некогашното заречување ќе му дојуреше како неканет гостин, ќе му сржеше: „Внимавај, не ти доликува тоа!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Беше примен и од тогашниот претседател на Рерублика Македонија, Киро Глигоров, од ресорните министри, посети неколку потенцијални фармери, предели во Македонија каде што сметаше дека ќе има најдобри услови за новата козја револуција во земјата на некогашната бела контрареволуција на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во пепелта врз страниците на некогашните таткови најконцентрирани читања, патот водеше кон Цариград, град на неговата младост, но и на неговите големи илузии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да се сетеле, сигурно би го раздробиле витражот на уште поситни парченца, до непостоење на боите, на ова останато живо око на некогашната катедрала, извор на далечната божја светлина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)