Имаше сребрена коса. Долга. Сплетена во плетенка.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Драган Вучиќ – главен протагонист во вицот со Шварценегер, пајакот и Сталоне и автор на неповторливата, непрежалената, ненадмашната и неприкосновено–најгледана забавно–музичка спрдачина „Вашите 5 минути“.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Топлината на неповторливата насмевка на вујко ми Вангел Скендеров и топлиот поглед на дедо ми Димитар Скендеров.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Повнимателната анализа на македонската народна песна, не само низ нејзината литерарна структура туку и низ нејзината мелодична линија, ми откри три света: свет на темно и болка, свет на неповторлив љубовен порив и нежност и свет на магија.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пред да се згуснат изворските води и се излеат во Езерото, сочинуваа мали езерца, небаре рајски павилјони, во кои беше сублимирана сета убавина на неповторливата природа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)